Општина Аеродром со телефонска линија и работа во две смени за пријава на загадувачи

Општина Аеродром информира дека комуналните инспектори од денес почнуваат со работа во две смени и ќе бидат достапни на телефонскиот број 075/316-515, секој ден од 8:30 до 22:30 часот вклучувајќи ги и викендите. Одлуката има цел успешно да се реализира проектот „Пријави загадувач“, како дел од заложбите на оппштината за почист воздух.

Општина Аеродром соопшти дека е неопходно да се воведе дежурна смена на инспекторите по барање на граѓаните и за поголема ефикасност на инспекциските служби.

„Целта на акцијата „Пријави загадувач“ е што побрзо да се откријат и соодветно да се регулираат загадувачите на територијата на општина Аеродром. Во рамки на акцијата досега се организирани редовни мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух и контрола на стационарните извори на територија на општина Аеродром“, известија од општината.

Тие информираат и дека во акцијата ќе биде ангажирана целата инспекциска служба, која се состои од осум комунални инспектори и четири комунални редари.