Општина Аеродром: Основното училиште „Лазо Ангеловски“ доби пристапен лифт за деца со попреченост

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ доби пристапен лифт за дечињата со попреченост, соопшти денеска Општина Аеродром.

Оттаму велат дека преку инвестиции во унапредување на образовната инфраструктура настојуваат да ги отстранат сите потешкотии и покрај различностите, да создадат пристапен образовен процес преку кој ќе се исполни потенцијалот на секое дете.

„Во таа насока, деновиве привршува изведбата на новиот пристапен лифт наменет за учениците со попреченост во основното училиште Лазо Ангеловски’ и со ова се финализира еден важен циклус на неколку инвестиции со кои ова основно училиште станува целосно инклузивно и достапно за сите ученици. Пред почетокот на новата учебна година, привршуваат инвестициите кои со средства од буџетот на општината се реализираат во неколку основни училишта во Аеродром. Со тоа општината добива поквалитетна образовна инфраструктура, а учениците современи услови за реализација на наставата“, велат од Општина Аеродром.