Онлајн дискусија за сексуалното здравје и образование на „Girl Up Skopje“

Клубот Girl Up Skopje денеска организира онлајн дискусија на тема посветена  на сексуалното здравје и образование.

Дискусијата ќе започне во 19 часот и ќе се одржи на платформата „Zoom“ а на неа ќе говорат Мери Цветковска од организацијата Хера и Валентина Дамчевска од средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, заедно со модераторката Орхидеа Симоновска од клубот Girl Up Skopje.

Организаторите најавуваат дека преку дискусијата целта е да се премине стигмата на темата која, сама по себе, во македонското општество и понатаму е табу. Сите присутни на дискусијата ќе имаат можност да го споделат нивното мислење и знаење на темата.

Сите заинтересирани за учество во дискусијата можат да се регистрираат преку следниов ЛИНК.