Онлајн дискусија и документарец на тема војни конфликти, образование и помирување

Документарецот „Поделено општество – паралелно известување за еден воен конфликт“ кој ќе биде проследен со онлајн панел дискусијата „Образовниот процес помеѓу помирувањето и паралелните наративи“, ќе се одржи во петок, на 9 март.

Документарецот и панел дискусијата е организирана од „ФорумЗФД“ програмата, a ќе започне во 18 часот.

Говорници на настанот се Влора Речица од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Иван Стефановски од „Евротинк“, Сафет Балажи од Центар за човекови права и разрешување конфликти, како и Петар Тодоров од Институт за национална историја. Модератор на дискусијата ќе биде  Бошко Станковски од Европски центар за демократија и владеење на правото.

„Целта на овој панел е да посвети внимание на тоа дали или колку постојат алетернативни едукативни материјали поврзани со конфликтот од 2001 година и притоа да отвори простор за дебата“, велат организаторите.

Настанот ќе се одржи на платформата Зоом, кој ќе биде проследен со симултан превод на албански јазик.

Сите заинтересирани може да се регистрираат тука, а на овој линк може да го проследат настанот.