„Дигитализацијата & средношколците“ се вика онлајн дискусијата која ќе се одржи денеска (недела, 8 мај) од 18 часот, како дел од серијата јавни настани организирани од Советот за дигитална трансформација на Западен Балкан при германскиот Институт Хајделберг во Скопје. Настанот е во соработка со Сојузот на средношколци на РСМ и YES алумни програмата за средношколска размена на Американските совети за меѓународно образование.
„Дискусијата ќе биде посветена на развојот на настаните во областа на дигиталното образование, влијанието на Ковид-19 пандемијата, како и потребните образовни реформи и модернизирање на образованието со примена на дигитални технологии: „Ефектите од дигитализацијата во средното образование“, со поврзување на германскиот дуален образовен модел на Институтот Хајделберг во Скопје, визијата на Сојузот на средношколци на РСМ како единственото национално претставничко тело на средношколците во земјата и лидери во процесот на образовно реформирање, Американските совети со нивната ЈЕС Алумни програма како помагачи во процесите на справување со предизвиците во овој разновиден и меѓусебно поврзан свет и DTC како Совет во насока на воспоставување одржлива дигитализација која е од интерес на секој граѓанин“, стои во најавата.
Говорници ќе бидат: Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на Советот за дигитална трансформација (СДТ) за Западен Балкан,Теодора Бошкова, раководител на Односи со јавност на Институтот Хајделберг & АБИТ, Јана Попова, генерален секретар на Сојузот на средношколци на РСМ, Влатко Стојкоски, веб и графички дизајнер на Сојузот на средношколци на РСМ и Рина Османи, претставник од Американски совети и Алумни координатор на ЈЕС програмата во РСМ.
Настанот ќе биде емитуван во живо на: https://fb.me/e/2AEQ3zQnz