Омбудсман: За две години абортирале 62 малолетнички, а се породиле 731

Во 2016 и 2017 година, 62 малолетнички на возраст до 18 години ја прекинале бременоста во осум јавни здравствени установи. Од нив, 23 биле на возраст од 14 до 16 години, 18 на возраст од 17 години, а 21 со се уште ненавршени 18 години.  Истражувањето денеска го презентираше заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа.

Таа посочи дека во двете години се породиле 731 малолетничка, од кои четири на возраст од 11 до 13 години, а 225 на возраст од 14 до 16 години. Притоа, десет малолетни мајки се откажале од своите бебиња, кои потоа биле згрижени во Домот за доенчиња и мали деца во Битола.

Бајрамовска – Мустафа истакна дека е неопходно преземање итни мерки за справување со проблемот на институционално ниво, но и едукација на младите во училиштата преку работилници и материјали прилагодени на нивната возраст .