„Октомвриски музички поход 2025“ вечер во „Јадро“

„КУЛТИ ВАТОР“ во соработка со КЦ „Јадро“ денеска (петок, 24 октомври) го претставува еднодневниот музички фестивал „Октомвриски музички поход 2025“, кој ќе се одржи во просториите на Културниот центар „Јадро“ со почеток од 19 часот

Влезот за настанот е слободен, а на него ќе настапат групите „Калико“ и „Димиш“, додека свои диџејски сетови ќе имаат Раста Грл, Чарли, Анчи Саунд Ст.

Организаторот посочува дека „Калико“ е млад македонски инди/рок бенд кој зад себе веќе има 10-ина синглови и десетици концерти во Скопје и низ Македонија.

„Леон, Горазд, Ана и Аце претстават и дел од новиот материјал“, стои во најавата.

„Димиш“ е млад артист, но веќе со добро набиено искуство и на повеќе музички проекти (Димиш, „Ред18“ и трибјут проекти).

Свири сѐ што може да се оствири од инструменти во еден бенд (бас, тапани, гитара и вокал), а со материјалот веќе се докажува низ годините и на сцената.

„Зад себе има неколку и-пиа и албуми со разни проекти, а како Димиш ќе го чуеме на 24.10 а ќе чуеме и нешто ново од неговиот опус. Стилски се движи низ звуците на бендови од ‘Хускер Ду’ преку ‘Дајнасор ЏР’, па до ‘Соник Јут’ и слични гараж-инди-панк деликатеси“, велат организаторите.

Раста Грл е реге/ска/даб диџеј која е присутна повеќе од две декади на сцената. За издвојување е нејзиниот настап на „Егзит“ пред 15-ина години кога отвори за легендарниот Макс Ромео.

Чарли е присутен на сцената како диџеј 30 и повеќе години. Диџејскиот репертоар се движи од рок преку фанк, рок, па сѐ до ворлд мјузик.

Анчи Саунд ст. Е ретро систем кој практикува ретро 80-ти звуци низ годините како диџеи.

Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам.