Оксфорд и ја одзеде наградата за слобода на лидерката на Мјанмар

Градскиот совет на Оксфорд ја одзеде наградата за слобода која пред 20 години и ја додели на мјанмарската претседателка Аунг Сан Су Чи и наведе дека оние кои ги затвораат очите пред насилството го нарушуваат и сопствениот углед.

Предлогот на Советот синоќа беше едногласно усвоен и во него, како причина за повлекувањето на наградата, се наведува недејствувањето на Су Чи при кампањата против Рохинџи муслиманите во Мјанмар. ОН и дел од меѓународната заедница таа кампања против Рохинџите ја нарекоа „училишен пример за етничко чистење“.

Аунг Сан Су Чи беше во домашен притвор 15 години за време на мјанмарската долгогодишна воена диктатура, а наградата Оксфорд, која ги промовира вредностите на толеранција и интернационализам и беше врачена поради залагањата за демократија во нејзината земја.

„Ние ја наградивме поради нејзиното спротивставување на репресијата и военото владеење во Бурма“, изјави градската советничка на Оксфорд, Мери Кларксон.

Су Чи денеска во Мјанмар имаше средба со папата Франциско.

МИА