Од понеделник почнува вакцинацијата на деца и млади, има скоро 1800 пријавени

Од понеделник почнува вакцинирањето на деца и млади на возраст од 12 до 17 години, а досега има  1798 пријавени.

Тие ќе се вакцинираат со вакцината Фајзер, во вакцинални пунктови во градот во кој живеат, или кој го навеле при пријавувањето. Најголем број пријавени деца и млади има во Скопје, и тоа во поликлиниките Букурешт – 402, во Јане Сандански 287, а во Чаир 110.

Досега во земјава се аплицирани вкупно 713.114 дози вакцини, а ревакцинирани се 267.106 граѓани. Во моментов вакцинацијата се одвива без закажан термин, на сите вакцинални пунктовите во земјава.