Од Ковид 19 почина уште 21 лице, регистрирани 999 нови случаи

Денеска се регистрирани 999 нови случаи на Ковид 19, направени 3.566 тестови, а како починати од Ковид 19 е пријавено 21 лице, информираше Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Сите пациенти се починати во болнички услови и се на возраст од 50 – 90 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, три починати лица од Велес, по две починати лица од Прилеп, Охрид, Струга и Гевгелија, и по 1 починато лице од Куманово, Гостивар, Струмица и Ресен.

Од новорегистрираните случаи на КОВИД-19 во Скопје се 465, Прилеп – 53, Куманово – 52,Велес – 48, Кавадарци – 43, Гостивар – 38, Неготино – 37, Тетово – 36, Битола – 35, Охрид – 33, Штип – 30, Гевгелија – 23, Кочани – 16, Крива Паланка – 10, Кичево – 9, Валандово – 8, Струмица и Радовиш – по 7, Берово, Богданци и Демир Капија – 6, Ресен, Дебар, Пробиштип и Виница – по 4, Струга, Крушево и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево и Македонски Брод – по 2 лица.

Регистрирани се 711 оздравени пациенти. Направени се 3.566 тестови преку: ИЈЗ-543, ЦЈЗ Скопје-92, Авицена-420, Биотек-291, Жан Митрев (Филип Втори)-173, Систина -325, лабораторија Лаор–260, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-86, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Синлаб-65, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.271, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 117.437, бројката на оздравени пациенти е 99.837, на починати е 3.424, а бројот на активни случаи изнесува 14.176. Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје- 7138, Прилеп  923 и Кавадарци 706.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава (надвор од Скопје) е пријавено дека се лекуваат вкупно 704 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1224 и има околу 317 празни болнички кревети во ковид центрите.