МЗ: 868 новозаразени и 15 починати од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 868 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 424 случаи во Скопје, 72 во Прилеп, 42 во Куманово, 34 во Битола, 31 во Охрид, 28 во Тетово, 27 во Кавадарци, 26 во Неготино, 21 во Велес, 20 во Гевгелија, по 15 во Гостивар и Кочани, 14 во Штип, по 11 во Крива Паланка и Крушево, по десет во Струга и Берово и девет во Струмица.

Потоа, по осум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Валандово и Демир Капија, шест во Богданци, по пет во Кичево и Ресен, по три во Пробиштип и Демир Хисар, по два во Радовиш, Македонски Брод и Пехчево и по еден случај на Ковид-19 е регистриран во Свети Николе, Делчево, Кратово и Дојран.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се починати 15 лица од Ковид-19, односно, пет пациенти од Скопје на 86, 81, 72, 71 и 64 години, двајца од Тетово на 72 и 59 години, двајца од Охрид на 78 и 57 години и по еден од Прилеп на 80 години, еден од Куманово на 71 година, еден од Штип на 64 години, еден од Кавадарци на 65 години, еден од Битола на 73 години и еден од Неготино на 74 години.

Регистрирани се 397 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 178, Прилеп – 36, Тетово – 20, Гевгелија – 17, Куманово и Струмица – по 16, Битола – 15, Велес – 11, Гостивар и Кочани – по 8, Берово – 5, Штип и Крушево – по 4, Валандово – 3, Ресен, Пробиштип. и Богданци – по 2и по 1 од Кавадарци, Струга, Кичево, Дебар, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 111.077, бројката на оздравени пациенти е 96.925, на починати е 3.280, а бројот на активни случаи изнесува 10.872“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 559.021 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.654 тестови.