Од денеска се воведуваат ноќните линии на ЈСП

Од денеска се ставаат во функција ноќните линии на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, односно 11-те автобуски линии: 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65Б, информираат од Град Скопје.

Од таму велат дека воведувањето на ноќни линии е почеток на промените за подобар јавен градски превоз што е дел од програмата на раководството на ЈСП и на Градот Скопје.

Автобуските линии 2, 22, 24, 41, 57 и 65Б ќе сообраќаат секој ден, додаваат оттаму, а преостанатите ќе бидат во функција во деновите од викендот или комбинирано, како и за време на празниците.

Деталите за возниот ред и трасите на ноќните линии се достапни на веб-страницата на ЈСП.