Објавени номинациите за Оскар: „Опејханмер“ во трка за 13, а „Кутри нешта“ за 11 статуетки

Епскиот филм на Кристофер Нолан за зората на атомската ера, „Опенхајмер“, ја започна трката за 96-тото доделување на Оскарите што ќе се случи на 10 март, добивајќи 13 номинации. Веднаш зад него следува „Кутри нешта“ на Јоргос Лантимос, феминистичка фантазија сместена во „стимпанк“ свет на мутанти и шовинисти, кој заработи 11 номинации.

„Убијците на цветната месечина“, историска криминална драма за огромниот заговор да се одземе нафтено богатство на Индијанците од Оусич, доби 10 номинации за Оскар. И „Опенхајмер“ и „Убијци на цветната месечина“ се темелат на болни поглавја од американската историја, па оттука веројатно и Академијата го „препозна“ моментот на политички немири и поделеност во САД, што се чини им дава дополнителна резонанца на нивните темна тематики.

„Барби“ беше хит во смисла на генерирање средства преку кино-салите, а сега заработува осум номинации, нo истовремено Грета Гервиг, режисерката на филмот и Марго Роби, главната актерка и продуцентка, се исклучени од номинации. Објавени истиот викенд како „Опенхајмер“, двата блокбастери станаа вирален феномен, па хајпот придонесе интернет заедницата да го создаде мемето „Барбенхајмер“.

„Опенхајмер“, „Барби“ и „Убијци на цветната месечина“ добија номинации за најдобар филм. Ним им се придружија „Кутри нешта“„Американска фикција“, „Анатомија на падот“, „Божиќните сирачиња“, „Маестро“, „Минати животи“ и „Зона на интерес“. За прв пат, тројца кандидати за најдобар филм – „Барби“, „Анатомија на падот“ и „Минатите животи“ – се режирани од жени. Сепак, само една од тие филмаџики, Џастин Триет, заработи номинација за најдобарка режисерка.

На 81 година, Мартин Скорсезе влезе во историјата со тоа што стана најстариот кандидат во категоријата за режија. Триет и Скорсезе ќе се соочат со Џонатан Глејзер („Зона на интерес“), Јоргос Лантимос („Кутри нешта“) и Кристофер Нолан („Опенхајмер“).

Најдобар актер ќе биде трката помеѓу Пол Џијмати, кој игра наставник во интернат во „Божиќните сирачиња“; Килијан Марфи, што го толкува Џ. Роберт Опенхајмер, водач на проектот Менхетен во „Опенхајмер“; Бредли Купер, кој го портретира композиторот Леонард Бернштајн во „Маестро“; Колман Доминго, кој го отелотворува активистот за граѓански права Бајард Растин во „Растин“; и Џефри Рајт, признат за неговата изведба како недоволно ценет романсиер ангажиран во измама во „Американска фикција“.

За најдобра актерка натпреварот е помеѓу „Убијци на цветната месечина“ – Лили Гладстон, – првата домородна актерка која е номинирана за наградата; Ема Стоун, која глуми протагонистка налик на дете во „Кутри нешта“; Анет Бенинг за нејзиниот настап како натпреварувачка пливачка, пркосејќи им на шансите (и времето) во „Нјад“; Сандра Хулер, глумејќи жена на која и’ се суди за убиство во „Анатомија на падот“; и Кери Малиган за нејзиниот улога како Фелисија Монтеалегре, лојалната сопруга на Леонард Бернштајн во „Маестро“.

Оскарите доаѓаат во тежок период за филмскиот бизнис, кој се бореше да се прилагоди на промените во начинот на кој публиката ги гледа филмовите. Волстрит, кој некогаш даваше небесно високи вреднувања на дигитални стримери како Нетфликс, зборуваше дека е влошена економијата на стриминг, верувајќи дека не се доволно профитабилни. Тоа беше поразително и за Варнер Брос, Дискавери, Дизни, Парамоунт Глобал, медиумските компании што „раскошно“ трошеа за да изградат свои услуги за стриминг.

Истовремено, актерите и писателите, тврдејќи дека „бумот“ на стримингот им ги одзеде хонорарите што некогаш ги заработуваа кога нивните филмови се реемитуваа на кабловска или на други платформи, стапија во повеќемесечни штрајкови. Работничките немири, кои завршија во ноември, доведоа до постојан прекин на производството што може да значи дека Оскарите следната година ќе имаат помалку кандидати во борбата за почести.

Целата листа на номинации за Оскар може да се види ТУКА.