„Наследство“, „Тед Ласо“ и „Белиот Лотос“ со најмногу номинации на Еми наградите

Телевизиската серија „Наследство“ (Succession) е номинирана во најмногу категории на престојните 74-ти Еми награди кои ќе се одржат на 12 септември.

Серијата, во која се опишува животот на семејството Логан кои ја контролираат најголемата медиумска и забавна компанија на светот, доби вкупно 25 номинации, меѓу кои и за најдобра серија и најдобри актери. По 20 номинации имаат сериите „Тед Ласо“ (Ted Lasso) и „Белиот Лотос“ (White Lotus).

Во категоријата за најдобра серија-драма, покрај „Наследство“ ќе се натпреваруваат и „Подобро побарај го Сол“ (Better Call Saul), „Еуфорија“ (Euphoria), Озарк (Ozark), „Одвојување“ (Severance), „Игра на лигњите“ (Squid Game), „Чудни нешта“ (Stranger Things) и „Стршлен“ (Yellowjackets).

Во категоријата за најдобра серија-комедија, покрај „Тед Ласо“ номинирани се и „Основно училиште Абот“ (Abbott Elementary), „Бери“ (Barry), „Скрати го ентузијазмот“ (Curb Your Enthusiasm), „Стар штос“ (Hacks), „Чудесната госпоѓа Мајсел“ (The Marvelous Mrs. Maisel), „Зграда на убиства“ (Only Murders in the Building) и „Што правиме во сенките“ (What We Do in the Shadows).

Во делот на најдобрите лимитирани серии покрај „Белиот Лотос“ номинации добија и „Откажување“ (Dopesick), „Измислената Ана“ (Inventing Anna), „Пам и Томи“ (Pam &Tommy) и „Испишување“ (The Dropout).

„Телевизијата продолжува да го забавува, информира и поврзува светот. Со продукција на историски највисоко ниво, Академијата доби рекорден број на пријави за Еми наградите оваа сезона. Додека се подготвуваме за најголемата вечер за оваа забавна индустрија, ние сме пресреќни што ќе оддадеме почит на иноваторите, креаторите, изведувачите и писателите кои го движат ова платинесто доба на телевиијата“, изјави Франк Шерма, директорот на Американската академија за телевизиска уметност и наука, која ги доделува наградите.

Целосната листа на номинации може да ја погледнете на следниов ЛИНК.