Објавена програмата за четвртиот „Beach Film Festival“ во Охрид

Во среда се отвора четврто издание на Фестивалот на нов европски филм  „Beach Film Festival“ во Охрид, кое годинава има пет фестивалски денови и ќе трае со 25 јули.

Организаторите на фестивалот ја објавија програмата која покрај одличните филмови, вклучува и повеќе музички настани, како и две работилници- за филмска критика и филмска шминка, што ќе се одржат во Лапидариумот во Охрид.

Инаку годинава главниот дел од програмата ќе може да се следи на плажата Горица 3, а покрај Лапидариумот, настани во рамки на фестивалот се најавени и на бродот Армада.

Целата програма проследете ја во продолжение. Влезот е слободен.