Објавен албумот „Rush to Relax“ на Дамјан Маневски

Музичкиот албум работен на DIY (направи сам) принцип, „Rush to Relax“ зад кој стои музичарот Дамјан Маневски, вчера беше објавен на платформата „bandcamp“.

Албумот се состои од 8 песни кои се инспирација од луѓето околу него, вели тој во претходно објавениот разговор на Радио МОФ.

[Интервју] Дамјан Маневски: Во Македонија слушав „Канал 103“, а во Словенија „Радио Штудент“  

Истиот е достапен и може да се преслуша на „bandcamp“:

Во следниот период проектот ќе биде промовиран на концерти низ Словенија и Србија, а  не ја исклучува можноста за настап и во Македонија на крајот на годината.