Новиот број на списанието „Филозофска трибина“ е посветен на професорот Сидо

Филозофското друштво на Македонија организира две промоции на новиот број на списанието „Филозофска трибина“. Бројот со централен темат „Филозофија и филм“ е посветен на професорот Стефан Сидовски кој почина минатата година.

Во 26. издание на списанието, ќе може да се прочита текстот за Сидовски напишан од проф. д-р Олга Пешевска Заревска, и текст од професорот Сидовски, заедно со уште десет други статии на: акад. Катица Ќулавкова, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Јасна Котеска, д-р Марија Тодороска, проф. д-р Слава Јанакиева од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, вонреден професор д-р Вангел Ноневски, проф. д-р Денко Скаловски, проф. д-р Александар Прокопиев, м-р Игор Анѓелков, и интервју/разговор меѓу проф. д-р Иван Џепароски и режисерот Милчо Манчевски.

Во рубриката „Средношколски форум“ се наоѓа победничкиот есеј на Наташа Драшковиќ од Конкурсот за најдобар средношколски филмософски есеј кој беше дел од Едукативната програма на 9. Филозофски Филмски фестивал.

Во 26. „Филозофска трибина“ има се содржани и три други авторски текстови од авторите: проф. д-р Марија Тодоровска, докторанд Симеон Алексов и м-р Филип Клетников.

Во списанието се спопменуваат и филозофските настани и активности во државата.

Промотор на 26. издание на списанието ќе биде д-р Радомир Виденовиќ проф. на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Ниш.

Промоциите ќе се одржат во Свети Николе (20 февруари, четврток, 13 ч., Меѓународен славјански универзитет „Г. Р. Державин“) и во Скопје (21 февруари, петок, 19 ч., литературно кафе „Метаноја“)