Нов светски рекорд за живо суштество со најмногу ДНК

Папратот влезе во книгата на светски рекорди поради тоа што содржи повеќе ДНК отколку било кое живо суштество на планетата Земја.

Генетскиот материјал на растението или геномот содржи 160 милијарди базни парови на ДНК и тој би достигнал околу 100 метри должина со што ќе го надмине Биг Бен. За споредба, човечкиот геном содржи околу 3 милијарди базни парови и се протега на околу 2 метри.

Научниците велат дека е „лудо“ колкава количина ДНК може да содржи толку ситно растение кое многу од луѓето би го одминале без да го забележат.

„Станува збор за најдолгиот геном што некогаш бил откриен од сите организми што живеат на оваа планета“, изјави д-р Илија Лич од Кралската ботаничка градина.

Геномот е составен од комплетен сет на инструкции за ДНК во клетката што ги содржи сите информации потребни за едно живо суштество да се развива и да расте.

Многу од растенијата имаат големи геноми и научниците сакаат за откријат зошто. Тие се надеваат дека со тоа ќе сфатат како ваквиот податок влијае на функцијата на растението и можеби преку тоа ќе се изнајде начин за да се намали ризикот од измуирање.

Папратот припаѓа на примордијалната група растенија кои се појавиле уште пред диносаурусите да стапнат на Земјата. Растението сега има три Гинисови рекорди за најголем геном, најголем растителен геном и најголем геном во групата растенија кои немаат цветови.