Нов културен бран во Неготино: инсталација во отворен простор од Кире Ставров и Дарко Драгановски

Градскиот плоштад во Неготино денеска ќе добие нова инсталација во јавен (отворен) простор, дело на авторите Кире Ставров и Дарко Драгановски, која се реализира со поддршка од Министерството за култура преку Манифестацијата „Нов културен бран“.

Инсталацијата е реализирана како времен, слободностоечки објект со специфична геометрија, поставен во централното подрачје на градот Неготино. Објектот е изведен од дрвени елементи, со внимателно проектирани архитектонски детали.

Настанот вклучува и мала изложба, во која учество земаат група млади автори – архитекти. Делата, односно архитектонските трудови се презентирани низ различни техники: скици, цртежи, фотографии, колажи. Изложбата има за цел да го приближи творештво на младите архитекти до пошироката јавност и да  придонесе кон активирање на културните случувања во помалите градски средини во Македонија.