Независни за Карпош: Градоначалникот не ја потпишал одлуката за пренесување седници во живо

Конечно, три дена по неговото креирање, се објави број шест на Службен гласник на Општина Карпош. Како што очекувавме градоначалникот не ја потпишал одлуката за пренесување во живо на седниците на Советот на Општина Карпош. Овој пат не ја повторуваат грешката, па решението има образложение и истава точка е ставена на дневен ред за следната седница во испочитуван рок, реагираат од иницијативата Независни за Карпош, кои имаат советнитнички во скопската општина.

Според Независни за Карпош, образложението се темели на невистини за кои постојат записи и повеќе сведоци, како врз основа на овие лажни тврдења е донесено Решение за запирање на објава на Одлуката за пренесување во живо на седниците на Советот на Општина Карпош ќе дискутираат на 30.03.2023 кога е закажана следната седница на Совет.

„Еве ги фактите: Татјана Стојановска (советничка од Независни) – поднесува предлог точка за дневен ред на 22та седница и тој предлог е за укинување на одлуката за забрана на снимање – како што и јавно вети. На таа седница се согласи да се повлече таа точка и кординаторите на кординаторска средба да усогласат одлука. На кординаторска средба е презентирана и прифатена ПРЕДЛОГ-ОДЛУКА За пренесување во живо на седниците на Советот на Општина Карпош. Предлагачи се повеќе советници, истата е испратена електронски до претседателот на совет и уредно објавена 7 дена пред почетокот на 23та седницата“, велат од иницијативата.

Стручната служба за подршка на совет изготвува своја верзија на одлуката и без прашање и нејзина согласност, велат тие, ја додава како предлагач Татјана Стојановска.

„Оваа дискутабилна верзија на одлуката е ставена на дневен ред потпишан од претседателот на совет – Бранко Ристов. Поради измамата која ни беше подметната се согласивме да се помести расправата на оваа точка за крај, ја прекинавме 23тата седница. Се свика вонредна седница со точката на дневен ред – онаа договорената и се изгласа со 20 гласа ЗА и двајца Против. Сите дејствија се документирани од наша страна и ќе бидат пријавени до надлежните институции“, стои во реакцијата на Независни за Карпош.