Невладини поднесоа класна акција против Франција поради „дискриминаторски“ полициски проверки

Група од шест невладини организации меѓу кои „Амнести Интернешнл“ и „Human Rights Watch“ поднесоа класна акција против француската држава, барајќи да се престане со дискриминаторски полициски проверки на идентитетот на граѓаните, пренесува „Еуроњус“.

Процедурата била започната во јануари кога невладините побарале француските власти да направат структурни реформи и да преземат конкретни мерки за да се запрат проверките.

Властите имале законски рок од четири месеци за да одговорат на барањата но не го сториле тоа, па невладините организации пополниле барање до Државниот совет – тело кое функционира како законски советник на државата и врховен суд за административна правда.

Во својата петиција, невладините организации повикуваат на изменување и дополнување на законот за кривична постапка со кој „експлицитно се забранува дискриминација при проверка на идентитетот“ или да се обезбеди потврда за на секое лице што е проверено.

Во својата петиција, невладините организации повикуваат на изменување и дополнување на законот за кривична постапка со кој „експлицитно се забранува дискриминација при проверка на идентитетот“ или да се обезбеди потврда за на секое лице што е проверено.

Нивната постапка е инспирирана од американски преседан – во 2013 година, по класна акција, американскиот правосуден систем реши да ја трансформира полициската пракса во проверките на идентитетот во државата Њујорк, што доведе до драстично намалување на проверките“, објаснува една од адвокатките на организациите, Антоан Лијан Каен.

Петицијата од 450 страници исто така вклучува сведоштва, студии и претходни судски случаи кои ја документираат дискриминацијата, вклучително и јунска одлука од страна на Апелациониот суд во Париз, според која проверката на идентитетот на тројца средношколци на Гаре ду Норд во 2017 година била „дискриминаторска“.

„Ова е нешто што се појавува многу често особено во приказните на момчињата“, изјавила Иса Кулибали, претседател на „Пазапас Белевил“, здружение вклучено во постапката.

„Овој вид на контрола има силно влијание врз генералното чувство на исклучување, тие имаат впечаток дека не се полноправни француски државјани затоа што се третираат поинаку“, додава тој.

Деца на возраст од 10 години биле подложени на проверки на идентитетот, според извештајот објавен во јуни од страна на „Human Rights watch“.

„Некои опишаа дека биле принудени да ги ставаат рацете на ѕид или автомобил, да ги шират нозете и да се подложат на инвазивни проверки, вклучувајќи задникот и гениталиите“, пишува во соопштението на организацијата.

Уште во 2016 година, државата веќе беше осудена од еден од највисоките судови во земјата поради проверки на идентитетот врз основа на расните одлики.

Извештај од 2017 година од Правниот бранител – независно тело задолжено да надгледува дали се почитуваат правата на еднаквосѕ, истакнува дека млад човек перципиран како црнец или Арап има 20 пати поголема веројатност да биде проверен од остатокот од населението.

Претседателот Емануел Макрон, во интервју изјавил дека „денес, кога имате боја на кожа која не е бела, многу повеќе се контролирате. Ве идентификуваат како фактор на проблем и тоа е неподносливо“.

Полициските синдикати реагирале силно на овие изјави, отфрлајќи ги обвинувањата за расизам и повикувајќи на целосно запирање на проверките на идентитетот.

„Тоа е предмет што продолжува: ние зборуваме за тоа повеќе од порано, но во однос на решенијата сме на нула. Ова е причината зошто решивме да го користиме законот, кој можеби може да ја принуди државата да ги спроведе мерките што многумина ги предлагаат со години и кои постојат во други земји“, изјавиле од синдикатите.