По четири месеци во кои се срушија сите светски рекорди во температурите, изминатиов месец научниците ги направи речиси сигурни дека 2023 ќе биде најтопла година откако се мери овој параметар.
Податоците од Сервисот за климатски промени Коперникус открија дека овој октомври бил најтопол откако се собираат податоците. Во целина месецот бил 1,7 степени целзиусови потопол од пред-индустриските просеци откако беа срушени рекордите и во претходните четири последователни месеци, пренесува Еуроњуз.
Во Европа ова бил четврти најтопол октомври откако се мерат температурите, со 1,3 степени целзиусови повисоки температури од просекот во периодот од 1991 и 2020 година.
„Октомври 2023 имаше рекордни температурни анломалии, а тоа следи по четири месеци како се рушат светските температурни рекорди“, објаснува Саманта Бурџис, заменик директорка на Ц3С, Агенцијата за климатски промени на Европската Унија.
Иако појавата на Ел Нињо најверојатно има затоплувачко влијание врз светот од Ц3С велат дека температурите на површината на морињата остануваат пониски за ова време од годината во споредба со претходните вакви временски појави во 1997 и 2015 година. Овие аномалии им помагаат на научниците да следат како Ел Нињо ќе се развива споредено со претходните случаи и да предвидат кога ќе го достигне својот врв.
За време на овој временски феномен, топлите води се подигаат кон површината на Тихиот Океан и ја зголемуваат температурата на водената површина. Доколку водата се изложи на атмосферата над неа, воздухот исто така се загрева и влијае на временските прилики низ целиот свет.
Појавата на Ел Нињо придонесува за екстремни времеснки појави и доведува до засилени дождови и посилни бури.
Последните рекордни температури засега прават 2023 да ја надмине 2016 година како најтопла година откако се вршат мерењата, а истовремено и година со многу смртоносни екстремни временски настани.
Иако со Парискиот договор требаше да се ограничи затоплувањето на максимални 1,5 степени повисоки температури од пред-индустриските процеси, но последниот извештај на ОН предупреди дека ова ниво ќе биде надминато до 2030 година доколку не се намалат климатските емисии.
„Чувството дека е потребна амбициозна климатска акција пред КОП28 никогаш не било повисоко“, вели Бурџис.