НаТочак: Нови пречки на патеките – сликата која ја среќаваме возејќи точак и пешачејќи

Од 19 мај во Скопје е пуштена во употреба услугата на турската компанија Bin Bin за изнајмување на електрични тротинети. Од достапните јавни информации, во оптек се 500 електрични тротинети, кои поради условите за користење, деновиве можете да ги забележите насекаде, буквално, забележуваат од НаТочак.

Од таму потенцираат дека услугата се стартува преку мобилна апликација и според упатството за користење, тротинетот може да се земе и остави било каде.

„Борбата за Скопје функционален Велоград, со слободни и безбедни велосипедски површини треба да е постојана. Со ова ставање на располагање на една приватна компанија, на сите јавни површини, без никаков ред, е во судир со зголемена безбедност во сообраќајот. Имено, сликата во прилог говори сѐ. Тротинет оставен на средина на велосипедска патека, каде се одвива велосипедски сообраќај“, реагираат од НаТочак.

Според вело-иницијативата, оваа дозвола од надлежните институции, за прекршување на општите сообраќајни правила кои важат за сите, директно ја намалува безбедноста.

„Замислете ако некој утре добие идеја тротинетот да го остави на средина на коловозна лента на некој булевар“, реагира НаТочак.