Oд Независниот академски синдикат (НАкС) го поздравуваат покачувањето на минималната плата, кое е усвоено на последниот Економско-социјален совет.
Оттаму велат дека покачувањето ќе го подобри статусот на работниците со најниски плати и е во насока на подобрување на нивниот животен стандард.
Од НАкС потцртуваат дека новат мерка не треба да го воедначи трудот на вработените со различно ниво на образование и извршуваат работа со различна сложеност.
„Покачувањето на минималната плата треба да се одрази и на висината на останатите плати во јавниот сектор, чиј коефициент е врзан за минималната, но и за просечната плата“, истакнуваат од синдикатот, додавајќи дека се надеваат на доследно почитување на изменетата методологија.