Најмалку 1.400 телефонски говорници во руралните средини во Британија ќе бидат спасени

Телекомуникацискиот регулатор на Велика Британија, „Офком“ се изјасни дека ќе ја спречи компанијата „Бритиш Телеком“ да ги затвори старите црвени телефонски говорници во делови од земјата каде има слаба мрежа, со слаби мобилни сигнали доколку тоа им е потребно на локалните жители, пренесува Би-Би-Си.

Според „Офком“ во пределите со слаб мобилен сигнал има најмалку 1.400 телефонски говорници. За сега не се знае точниот број на говорници што ќе бидат спасени, но т.н. ‘кутии’ ќе останат да му служат на народот ако ги исполнуваат условите да се поставени на места со слаб мобилен сигнал, на места каде се случуваат сообраќајки или самоубиства, каде што се прават повеќе од 52 повици во текот на 12 месеци и доколку се користат за правење важни повици до одредени служби.

Повеќе од 6.000 поранешни телефонски говорници сега се продадени или адаптирани во локални библиотеки.

„Кутиите се уште може да послужат на народот да направи итен повик кога нема други опции. Нашите нови правила уверуваат дека ќе направиме се што можеме за да спасиме колку може повеќе од нив“, изјави директорката на „Офком“, Селина Чада.