Награден конкурс за изложба: Добро утро креативци 3.0

Саемот за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“, во организација на „Скала магазин“, годинава ќе се одржи по третпат, на 5 мај во „Јавна соба“.

Од „Скала“ велат дека целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, културата и образованието.

„Оваа година програмата ќе вклучува панел дискусии, галериска изложба и музички перформанси. Оваа година програмата ќе вклучува панел дискусии, галериска изложба и музички перформанси. Фокусот на настанот ќе биде кон образованието и новите технологии“, посочуваат од „Скала“.

По тој повод, ги повикуваат сите млади креативци – средношколци и студенти да се пријават на отворениот конкурс за учество.

Тема на конкурсот е „Мојот идентитет, утрото по 2023 година“.

Повеќе информации за целиот конкурс, условите и роковите – ТУКА.