Изложба на фотографии од конкурсот „Флора и Фантазија“ во „ShortBus“

Во „ShortBus“ на 25 јуни (сабота) во 20 часот ќе се одржи изложба на фотографии од 11-иот биофотоконкурс на тема „Флора и Фантазија“.

Организатор на конкурсот е Истражувачко друштво на студенти биолози-ИДСБ. Гласањето за конечните фотографии од конкурсот се одвива преку Фејсбук до полноќ на 24 јуни, ден пред изложбата.

Од ИДСБ уште претходно информираа дека главен мотив на фотографиите за конкурсот се диворастечките растенија од Македонија. Оваа година се фотографираа членестостеблените растенија (SPHENOPSIDA) и папратовидните растенија (PTEROPSIDA) – со своите три оддели: папрати (FILICINAE), голосемени (GYMNOSPERMAE) и скриеносемени растенија (ANGIOSPERMAE).