Над 11.000 лица трчаа на улиците за Скопски маратон 2023

Над 11.000 тркачи од повеќе од 45 земји од светот, денеска излегоа на трчање низ скопските улици, во рамки на деветнаесеттото издание на Скопски маратон.

Организаторите информираат дека на Скопски маратон 2023,  победник во машка конкуренција беше Виктор Киплагат Серем од Кенија со време од 02:15:09, а второто место го освои Лабан Черуијот од Кенија со време од 02:16:03. Третото место на овогодишното издание на Скопски маратон го освои македонскиот натпреварувач Дарио Ивановски со време од 02:19:08.

Фото: WizzAir Skopje Marathon

„Во женска категорија прва до целта стигна Рут Чемисто Матебо од Кенија со време од 02:44:17, второпласирана заврши Мерси Јебичи Кипкемои од Кенија со време од 02:44:52 и третото место го освои Марија Врајиќ од Хрватска со време од 03:12:51“, велат од Виз Ер Скопски маратон.

Фото: WizzAir Skopje Marathon

Денес, учесниците на трчање на далечина од 5 километри, трката ја започнаа од „Рекорд“ кон Аеродром. Финишот на сите трки беше плоштадот „Македонија“, како традиционалното место за завршување на  Скопскиот маратон.

Трките започнаа точно во 8 часот и тркачите на маратон, полумаратон, штафетниот маратон „ЕУ за спортот“, од кај старата Градска општа болница „Св. Климент Охридски“, поминаа низ плоштадот „Македонија“ и од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов се упатија кон Хром.

Фото: WizzAir Skopje Marathon

Фото: WizzAir Skopje Marathon