На властите во Нов Зеланд им се смачи од инфлуенсерските фотографии, бараат оригинални идеи

Агенцијата за туризам на Нов Зеланд ги повика луѓето да престанат да прават фотографии од туристички места инспирирани од објави на инфлуенсери, туку да го направат тоа на свој оригинален начин.

Нова видео кампања ги поттикнува луѓето да избегнуваат клише фотографии како на пример лежење во топла када или стоејќи со раширени раце на планински врв.

Официјални лица велат дека тие ја започнале кампањата откако повеќе пати ги виделе истите слики и пози.

„Има многу неверојатни работи што треба да се направат во Нов Зеланд, надвор од социјалните трендови“, изјави за локалната новинска страница „Стаф“, Бјорн Спрејцер, менаџер за домашен туризам.

Во видеото за кампањата глуми комичарот Том Сејнсбери како ренџер кој ги спречува луѓето да прават слики во стилот на инфлуенсери.

Видеото е дел од кампањата „Нешто ново“, која започна минатата година по затворањето на границите заради пандемијата на коронавирусот.

Сценските места во Нов Зеланд, како што е дрвото во езерото Ванака и Ројс Пик се меѓу најпопуларните дестинации за фотографии на социјалните мрежи, со илјадници објави кои се речиси идентични.

Како дел од кампањата, властите на Нов Зеланд ги охрабруваат туристите да ги споделат своите оригинални фотографии под хаштагот # DoSomethingNewNZ со шанса да освојат ваучер за патување во државата вреден речиси 300 евра.