Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ Штип на 14 мај од 13 часот официјално ќе го отвори новиот Хаб за собирање и селекција на пластичен отпад.
„Собраниот пластичен отпад ќе се користи за прототипирање на четири типови филамент за 3Д принтање, а нивниот развој и тестирање се одвива на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје“, соопштуваат од Здружението.
Од таму посочуваат дека настанот е отворен за сите заинтересирани – граѓани, еко-активисти, медиуми, млади иноватори и компании.
„Заедно за почиста и поодржлива иднина!“, велат тие.
Инаку, ова е дел од проектот „Рециклиран филамент за 3Д принтање“, кофинансиран од Европската Унија и Владата на Црна Гора преку регионалниот проект „Екосистем за еко-иновации и циркуларна економија на Западен Балкан“ (EICEE – Western Balkan Eco-Innovation and Circular Economy Ecosystem)“.