Холандски пар се всели во целосно „ЗД“ принтана куќа во Европа

Холандски пар се првите жители на целосно испринтана „3Д“ куќа во Европа, проект чии основачи веруваат дека ќе отвори нови можности за недвижнините на иднината, пренесува „Гардијан“.

Елис Лац и Хари Декерс, се пензионери од Амстердам кои сега живеат во првата од петте планирани принтани куќи во Ајдховен.

Во изминатите две години недвижини кои делумно биле изградени со принтање биле пуштени во употреба во Франција и САД, но холандскиот проект вели дека ги надминува своите конкуренти бидејќи гради целосно правно вселиви недвижнини чии конструкции се изградени исклучиво преку „3Д“ принтање.

„Ова е првата од куќите која е дозволена за вселување од локалните власти, а во неа е вселен пар кој комерцијално ја откупи куќата“, изјавил Бес Хајсман, раководителот на компанијата која го спроведува проектот за принтани куќи.

Првата целосно испринтана куќа, која се изградила во соработка со Универзитетот за Технологија, требало да биде поставена на пазарот на недвижнини во 2019 година, но поради предизвиците при принтањето, проектот бил одолговлечен.

Методот за принтање на куќа, инволвира голема роботска рака која преку инка испушта специјален цемент, кои архитектите го опишуваат како текстура налик на шлаг. Цементот се принта според замислата на архитектот, слој по слој, додека конечно не се создаде доволно силен ѕид.

„За целосно принтање на куќата ни беа потребни 120 часа. За сите потребни елементи, би ни биле потребни помалку од пет дена, бидејќи на принтерот не му треба храна или одмор за да функционира. Па така, ако започнеме со принтање на нова куќа денес, истата би била готова за неполни пет дена“, изјавил Хајсман.