МЗ: 957 новозаразени и двајца починати од Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се регистрирани 957 случаи на Ковид-19, односно во Скопје – 487, Битола – 70, Кавадарци – 44, Куманово – 40, Охрид – 39, Прилеп – 36, Велес – 32, Тетово – 31, Ресен – 22, Штип – 18, Кочани – 16, Струга – 13, Струмица и Неготино – по 12, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 10, Крива Паланка – 8, Радовиш и Дебар – по 7, Берово, Валандово и Кратово – по 5, Крушево – 4, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2 и по 1 во Свети Николе, Македонска Каменица и Дојран.

Од вкупниот број позитивни – 957, регистрирани се 210 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица, односно 71-годишно лице од Штип и 91-годишно лице од Струга, двете лица се починати во болнички услови, додаваат од МЗ.

Регистрирани сe 616 оздравени пациенти, односно од Скопје – 300, Битола – 48, Кавадарци – 37, Куманово – 32, Прилеп и Велес – по 30, Тетово и Кичево – по 18, Свети Николе – 12, Струмица и Штип – по 11, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 9, Неготино – 8, Гостивар и Ресен – по 7, Охрид, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3 и по 1 од Струга, Берово, Пробиштип ,Богданци, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361, а бројот на активни случаи изнесува 4.644“, соопштија од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 2.110.711 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.100 тестови.