МЗ: 37 починати и 301 новозаразен со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 37 лица.

Починале 9 лица од Скопје (74г, 81г, 47г , 60г, 69г, 76г, 79г, 77г, 61г), 6 од Прилеп (42г, 58г, 72г, 74г, 75г и 56г), по 3 од Тетово (65г, 59г и 57 г) и Гевгелија (73 г, 65 г, и 56г), по 2 од Куманово (90г и 67г), Кавадарци (85г и 57г), Струмица (73г и 62г) и Виница (79г и 62г) и по 1 починат од Битола (59г), Охрид (82г), Кичево (37г), Неготино (64г), Свети Николе (79г), Крива Паланка (73г) и Дебар (43г). Од починатите 36 пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа е потврден 301 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 174 случаи во Скопје, Кавадарци – 17, Велес – 16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе, Берово и Делчево – по 2 и по 1 од Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија.

Регистрирани се 1.091 оздравени пациенти, односно од Скопје – 429, Охрид – 107, Прилеп -74, Велес -42, Куманово 40, Штип и Струга – по 37, Битола – 36, Кавадарци – 34, Гостивар – 29, Гевгелија -26, Крива Паланка -24, Тетово -23, Струмица – 17, Неготино – 13, Кочани и Делчево – по 12, Берово, Пробиштип и Богданци – по 11, Валандаво – 10, Радовиш – 8, Дебар и Крушево – по 7, Кичево – 6, Свети Николе и Демир Капија – по 5, Ресен – 4, Виница, Кратово и Пехчево – по 3, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2 и 1 во Македонска Каменица.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 643.004 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 1.431 тест.