МЗ: 29 починати и 1.264 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 29 лица на возраст од 38 до 86 години, односно, осум пациенти од Скопје, по три од Охрид и Струмица, по два од Куманово, Струга, Велес и Крушево и по едно лице од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Дмиер Капија. Од пријавените 28 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 1.264 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 585 случаи во Скопје, 60 во Прилеп, 59 во Битола, 58 во Штип, по 56 во Куманово и Велес, 42 во Кавадарци, 36 во Струмица, по 35 во Тетово и Охрид, 31 во Гостивар, 28 во Гевгелија, 22 во Кочани, 21 во Свети Николе, 17 во Неготино и по 13 во Кичево, Берово и Пробиштип.

Потоа, регистрирани се 11 случаи на Ковид-19 во Ресен, девет во Радовиш, по осум во Валандово и Крушево, седум во Струга, по шест во Демир Капија и Пехчево, по пет во Крива Паланка, Делчево, Виница и Богданци, три во Македонски Брод, по два во Кратово и Демир Хисар и еден во Македонска Каменица.

Регистрирани се 722 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 331, Охрид – 59, Кавадарци – 36, Прилеп – 33, Неготино – 25, Битола – 24, Куманово -23, Гостивар и Крива Паланка – по 22, Гевгелија – 20, Струга – 18, Велес – 16, Тетово, Штип, Кочани и Струмица – по 13, Валандово – 7, Кичево, Радовиш, Делчево и Богданци – по 4, Демир Капија и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Берово, Ресен и Крушево – по 2 и по 1 од Виница, Демир Хисар, Македонски Брод и Пехчево.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 603.679 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.897 тестови.