Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 14 лица. Починале 8 лица од Скопје (66г, 75г, 75г, 76г, 77г, 81г, 82г и 85г), две лица од Битола (68г и 78г) и по едно од Куманово (89г), Прилеп (80г), Виница (72г) и Неготино (65г). Од пријавените лица – 13 починале во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Штип (1), Радовиш (1), Битола (1), Тетово (1), Делчево (1) и Богданци (1). Починатите лица се на возраст од 66г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 15.02.2022. Од починатите лица, 4 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови“, се вели во соопштението на МЗ.
Од вкупниот број починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа потврдени се 1.117 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 575 случаи во Скопје, Велес – 63, Куманово – 56, Битола – 54, Кавадарци – 44, Струмица – 38, Кичево – 33, Тетово – 32, Прилеп – 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Радовиш – 17, Гевгелија – 16 и по 15 во Штип и Неготино.
Потоа, регистрирани се 12 случаи на Ковид-19 во Кочани, Струга и Дебар – по 11, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Кратово – 5, Свети Николе, Берово и Валандово – по 4, Делчево и Богданци – по 3, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2 и по 1 во Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево.
Од вкупниот број позитивни – 1.117, регистрирани се 154 реинфекции.
Регистрирани сe 1.059 оздравени пациенти, односно од Скопје – 735, Куманово – 70, Битола – 49, Прилеп – 36, Тетово – 31, Охрид – 23, Гостивар – 20, Кичево – 17, Струга – 14, Штип – 13, Ресен и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Струмица и Крива Паланка – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 4, Делчево и Крушево – по 2 и 1 од Валандово.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.859.233 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.513 тестови.