МЗ: 198 нови случаи на Ковид-19, починати се 12 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 198 нови случаи на КОВИД-19, при направени 3.108 тестирања.

Новите случаи се забележани во: Скопје – 76, Куманово – 25, Битола – 11,Прилеп – 10, Тетово – 9, Кичево – 7, Струга и Радовиш – по 6, Велес, Охрид, Штип и Струмица – по 5,Виница – 4 ,Неготино, Ресен и Берово – по 3, Гостивар, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 1.

Регистрирани се и 333 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 12 починати лица: 6 од Скопје (48г,62г,69г,75г,78г, 84г,), по 2 лица од Гостивар (58г и 70г), и по 1 починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево(37г). Сит починале во болнички услови, информираат од министерството.

Со ова, вкупната бројка н ковид-дијагностицирани лица во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 153.891, бројката на оздравени пациенти е 137.664, на починати е 5.079, а бројот на активни случаи изнесува 11.148.

Досега во земјата се направени и вкупно 738.012 тестирања на Ковид-19.