МЗ: 147 новозаразени и 5 починати лица од Ковид-19 – активни се 630 случаи

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во текот на изминатите 3 дена, од 22 до 24 април, регистрирани се 2 починати лица, од Куманово на 78 години и од Тетово на 80 години.

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (77г), Битола (73г) и Прилеп (65г). Од нив, две лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 03.04 до 19.04.2022“, стои во соопштението на МЗ.

Во истиот период, регистрирани се 147 нови случаи на Ковид-19, односно 84 случаи во Скопје, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6, Прилеп – 4, Штип – 3, Тетово, Охрид, Кочани и Неготино – по 2 и по 1 во Гостивар, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија.

Од вкупниот број позитивни – 147, регистрирани се 24 реинфекции.

Регистрирани сe 238 оздравени пациенти, односно од Скопје – 135, Битола – 29, Прилеп – 13, Велес – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Струмица – по 6, Гостивар – 5, Куманово и Неготино – по 4, Тетово – 3, Штип и Струга – по 2 и по 1 од Кичево, Гевгелија, Ресен, Делчево, Валандово, Крушево и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.208, бројот на оздравени пациенти е 299.302, на починати е 9.276, а бројот на активни случаи изнесува 630“, се додава во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 2.011.275 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.722 тестови.