МВР: Приведен напаѓачот на новинарската екипа на „Ал Џазира Балканс“ за време на вчерашниот протест

Лицето кое на вчерашниот протест организиран од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата ја нападна новинарската екипа на „Ал Џазира Балканс“ е приведено и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 09.09.2020 во 18.30 часот, М.С. пријавила дека на ул.„Македонија“, каде се одвивал протест, а таа била работно ангажирана како новинар, додека разговорала со едно од лицата кои учествувале на протестот, дошол А.И. (41) од Скопје и замавнувал со рацете, при што и го бутнал микрофонот“, стои во дневниот билтен на МВР.

Новинарката Милка Смилевска преку нејзиниот Фејсбук профил, вчера објави дека лицето кое ги нападнало првично прашало од која телевизија се, по што го турнал микрофонот, додека тие снимале изјава од еден од учесниците на протестот.

Dečkoto na prvoto video što go prijaviv na policaecot, ne napadna so kolegata Jorde i mi go butna mikrofonot dodeka…

Posted by Smilevska Milka on Wednesday, 9 September 2020

За нападот стигна осуда од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) кои побараа од МВР да го санкционираат напаѓачот.

Нападната екипата на Ал Џазира Балканс на протестот во центарот на Скопје