Мурал на писателот Стале Попов во Прилеп

Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп го претстави новиот мурал на македонскиот писател Стале Попов. Идејното решение и изведбата на муралот е изработен од академските ликовни уметници Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго.

Муралот е нацртан на ѕидот на зградата кај одделението за имотно- правни работи – Прилеп, спроти општинската зграда. Муралот е нацртан во рамки на проект за изработка на два ѕидни мурала на уникатно избрани локации и две кратки документарни видеа за промоција и презентација на делата на Блаже Конески и Стале Попов.

Фото: ЦЛСУ Прилеп

Муралот на Стале Попов е првиот претставен мурал, а се очекува да биде откриен и мурал на Блаже Конески.

„Уличната уметност е одличен начин да се промовира една урбана средина, еден град, како и преку неа да се презентираат и реактуализираат познати и признати дејци од нашата историја“, истакна за муралот Илија Јовановски, градоначалникот на Прилеп.

Фото: ЦЛСУ Прилеп