МОН: Наставата од деновите на изборите и Самиот на ОБСЕ ќе се надоместува во работни денови

Наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи ќе се надомести во работни денови, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).

„Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците“, велат од МОН и додаваат дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.

Ваквата одлука на МОН следува по реакцијата на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК)  кои пред неколку денови од Министерството побараа повлекување на одлуката за одработување на изборните денови.