Момче го изгради клингонскиот брод од серијата „Ѕвездени патеки“ користејќи 25 000 Лего коцки

На младиот Германец Кевин Волтер му требале осум години за да изгради свој клингонски брод налик на оној од култната серија „Ѕвездени патеки“, користејќи приближно 25 000 лего коцки, врз основа на виртуелен план што го направил во периодот помеѓу 2008 и 2010 година.

Според концептуалната верзија му биле потребни 250 000 коцки за да го изгради бродот, но за реалната верзија искористил една десетина. Бродот е долг 71 центиметри и 86 центиметри широк.

За конечната верзија му била потребна година и половина за да го изгради, користејќи различни делови порачани преку Bricklink. Тој не купувал целосни пакувања, туку вметнувал уникатни делови, како на пример предната врата на Билбо Бегин, која беше користена за да го прави оружјето.

Волтер вели дека бродот е посвета за 50-годишнината од серијата, која се одбележа во 2016 година, но и за неговото детство.

„Јас ги гледав „Ѕвездени патеки“ во моето рано детство и овој брод секогаш ме инспирираше. Сите мои претходни Лего бродови што ги изградив како дете беа инспирирани од овој, и јас секогаш се обидував да го постигнам неговиот уникатен стил“, вели овој млад Германец.

Неговата следна цел е да го доврши Барад – дур, односно „Окото на Саурон“, за кое вели дека најверојатно ќе му требаат 150 000 коцки до крајот. Тој работи на ова веќе шест години и се надева дека ќе го заврши до 15-годишнината на филмскиот серијал „Господар на прстените: Двете кули“ оваа година.