МОФ објави повик за работилница за улична уметност

Младински образовен форум распишува конкурс за учесници на работилница за улична уметност. Работилницата ќе се одржува во Скопје, во просториите на Младински образовен форум, во периодот од 20-ти до 23-ти септември, а ќе се одвива во периодот од 17 до 21 часот, со една пауза.

Целта на оваа работилница е да соедини млади, инспиративни и креативни луѓе кои имаат интерес за улична уметност, а ќе се фокусира на учeње на техника: стенсил во големи размери. По завршување на работилницата, финалниот производ ќе биде претставен на настан на 24-ти септември (сабота), кој е дел од кампањата за борба против ксенофобија .

Повикот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе, а пријавувањето е најдоцна до 19-ти септември 2016 година, преку испраќање на порака на obuki@mof.org.mk.

Бројот на учесници е ограничен. Обуките се бесплатни и ќе се одвиваат на англиски јазик од страна на Стелиос Цивас, уметник од Кипар.

Повеќе информации можете да добиете на obuki@mof.org.mk или на 02/3139 692 лок 103, лице за контакт Бојана Низамовска.