МОФ објави повик за обука за студентските претставници од УКИМ

Младинскиот образовен форум (МОФ) објави повик за учество во обука за студентските претставници од УКИМ.

Оттаму истакнуваат дека обуката ќе се одржи на 22 мај, понеделник, од 12 часот, под менторство на професорот Вангел Доковски.

Обуката ќе започне во 12 часот, а ќе бидат доделени сертификати за учесниците.

„Имајќи го предвид изборот на Ректор на УКИМ што претстои, важно е сите студентски претставници кои имаат право на глас во изборот да се запознаени или потсетени на правата и должностите што ги носи таа функција, Законот за високо образование, подзаконските акти, Статутот на УКИМ и одредбите на Наставно научниот совет (ННС)“, истакнуваат од МОФ.

Заинтересираните можат да се пријават преку формулар за учество.