„Младите ги слават укажувачите“ – Конференција за Денот на укажувачите

Во петок (13 мај) од 11:30 часот во Јавна соба ќе се одржи конференцијата „Младите го слават денот на укажувачите“ организирана од Регионалната антикорупциска иницијатива, во соработка со МОФ.

Целта на настанот е да се одбележи Денот на укажувачите.

Организаторите најавуваат дека на конференцијата присутните ќе можат да ги увидат искуствата од земјата, но и на глобално ниво, за позицијата на укажувачите. Ќе можат повеќе да слушнат за канали за откривање и механизми за заштита на укажувачите; каков удел има граѓанското општество за поддршка на укажување преку застапување јавни политики, јавно образование, правна помош и друга поддршка; и значењето на јавната свест, особено на младите, за важноста на укажување во борбата против корупцијата и едукација на јавноста за укажувачите.

На конференцијата најавено е учество на:

• Томислав Кежаровски, новинар
• Елмерина Ахметај Хреља, експерт за антикорупција, РАИ секретаријат
• Ѓорѓи Лазаревски, укажувач и разузнавач
• Анета Арнаудовска, советник за антикорупција, РАИ секретаријат
• Џерард Рајл, директор на меѓународниот конзорциум на истражувачко новинарство
• Марк Ворт, експерт за укажување, РАИ секретаријат

Повеќе информации за конференцијата може да најдете на следниов ЛИНК.