Во Младински културен центар на 20 и 21 март ќе се одржи новото издание на музичкиот настан LoVERAve Neon Bloom 2026, кој ја става во фокус независната музичка сцена и живото музичко искуство. Фестивалот има цел да ја врати младинската енергија од дигиталниот простор во директна комуникација меѓу публиката и артистите.
Програмата е распоредена на два дена и повеќе сцени, комбинирајќи бендовска алтернатива, хип-хоп и електронска музика.
Првата фестивалска вечер, на 20 март, започнува во 18 часот и ќе се одвива на две сцени во рамки на МКЦ. Во Dancing салата ќе настапат Fantom Start Project, TMUR, THE OOZ, PERSEIDA, GOLEMATA VODA, ILIJA И ДИВИТЕ, KARMA SCALE и KATRAN, додека музичката вечер ќе ја заокружи DJ INDOG. Паралелно, во Клуб МКЦ ќе се одржи хип-хоп програма со настапи на DARE & ЏЕКОВ, BAGZI, MECHKAROV, KRAFI, KOLO, KLINIKA, ZABATA, OLEG, DRE, OS PORTERO, UZI, TRIM, DSSH, HYPER TECH и DARKO STEPIC. Присуството на малолетници е дозволено до полноќ.
Вториот ден, на 21 март, е посветен на електронската музика и клупската култура, со почеток во 19 часот. Во Клуб МКЦ ќе се одвива техно програмата со MELANI DIGIT, МАЦИ СТОЈАНОВИЌ, NASTY DELUXE, THE ELECTRONIC ADVANCE, ГОРАН КАН и BB14. Во Dancing салата ќе се одржи транс-стејџ со настапи на Mr LoVERAve, OMNIUM, CELESTIAL INTELLIGENCE, DJANTRIX, SATTELITE и NAVIGATOR.
Со внимателно курирана програма и настапи на артисти од различни музички правци, LoVERAve Neon Bloom 2026 се позиционира како значајна независна културна иницијатива што го поттикнува развојот на урбаната музичка сцена и создава простор за генерациско поврзување и заедничко културно искуство во Скопје.



