Мисијата на ОБСЕ во Скопје го пријавила хакерскиот напад врз нивната Фејсбук страница кај менаџерскиот тим на мрежата

Откако Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше хакирана, тие соопштија дека ги преземале сите неопходни чекори за да го пријават нападот кај менаџерскиот тим на Фејсбук.

Оттаму велат дека додека нападот не се реши, сите објави или пораки добиени од хакираната страница не се авторизирани од ОБСЕ.

„Овој инцидент е уште еден потсетник за сајбер-заканите во денешното дигитално доба, кои без исклучок ги погодуваат приватните бизниси, владата и меѓународните организации“, велат Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Инаку, пред два дена, нивната страница беше хакирана, па така и преименувана. На страницата беше променета профилната фотографија, како и насловната фотографија, каде стои број за кој се вели дека претставува „хотлајн“. Страницата моментално е управувана од две локации во Виетнам.

Хакирана Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, сега е виетнамски „хотлајн“