Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари, најави министерот за економија Бектеши

Од март следната година, најниската плата во земјава ќе изнесува минимум 22.500 денари, најави министерот за економија Крешник Бектеши преку неговата Фејсбук страница.

Овој износ, како што посочи Бектеши ќе е двојно поголем од минималната плата во 2017 година.

Зголемувањето на минималната плата се темели на измените на Законот за минимална плата, донесени во март минатата година, со кој се воспостави нова методологија. Минималната плата се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година.

Минималната плата моментално изнесува 20.175 година.