Мичиген забрани да се забрануваат пластичните кеси

Мичиген донесе нов закон со кој им забранува на локалните власти да ја забрануваат, регулираат и оданочуваат употребата на пластичните кеси и други слични производи. Ова е забрана на национално ниво и најверојатно е наменета за спречување на локалната уредба во Ен Арбор, со која ќе се воведеше такса од 10 проценти за кесите во продавниците.

Забраната за пластичните кеси има за цел да помогне во намалување на загадувањето на животната средина. Материјалот од кои се направени кесите во повеќето продавници не е биоразградлив и има тенденција да заврши во реки или океанот, каде се разградуваат во помали парчиња кои се отровни за рибите, морските птици и животни. Дури и полошо, тие можат да опстојат стотици години без да се распаднат во животната средина, па и подолго ако се во депонија.

Со оглед на влијанието што го имаат на животната средина, токму затоа Мичиген доби остри критики за оваа одлука. Бизнисите се жалат дека забраните или даноците за кесите се премногу голем товар за нивните секојдневни активности.

Но, Мичиген не е единствената држава што воведе ваква забрана. Слична одлука донесоа и Ајдахо, Аризона и Мисури.

Од друга страна, во САД, пластичните кеси веќе се забранети во Калифорнија и во градови како Портланд, Сиетл, Остин, и во Чикаго.