Менче Атанасова Точи ја освои наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија

Новинарката од Нова ТВ, Менче Атанасова Точи е добитник на првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2017 година што денеска ја додели Македонскиот институт за медиуми МИМ.

Точи е добитничка на првата награда за серијалот текстови за домашниот паралелен увоз на лекови со кој се откри фалсификувањето на лековите и сериозни злоупотреби на власта. Втората награда ја доби тимот
новинари на БИРН објавени за истражувачката сторија „Странските инвестиции под лупа“ објавени на Призма.Третата награда ја добија Петар Клинчарски за сторијата „Илјада преводи“ во емисијата 360 степени на Алсат М, и Лиридона Вејсели за сторијата „Каде е штабот на џихадистите“ на интернет порталот Журнал.

Пофалница и беше доделена на Славица Филиповска за сторијата „Колку време ни треба да го
уништиме најстарото езеро во Европа“ исто така објавена на 360 степени на Алсат.

На годинашниот конкурс се пријавиле 38 автори, со вкупно 60 стории обработени во 154 текстови/прилози, објавени на интернет портали, телевизии, дневни весници и во неделници.

Наградата за најдобра истражувачка сторија се доделува традиционално по седумнаесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.