Меѓународно тестирање ПИСА: Македонските ученици меѓу најслабите

Меѓународното тестирање ПИСА за постигнувањата на ученици на 15-годишна возраст по математика, јазична писменост и природни науки, за минатата година покажа дека учениците од Македонија се рангирани меѓу последните земји.

Учениците од Македонија покажуваат се послаби и послаби резултати, и тоа низ години кога на прес-конференции надлежните институции уверуваат на најмногу вложувања средства во образованието.

Според тестирањето ПИСА, кое опфати 540.000 ученици од 72 земји, македонските ученици се четврти одназад. Односно, зад нас се само  Косово, Алжир и Доминиканската Република. Најдобри резултати, пак, имаат учениците од Сингапур, Јапонија и Естонија.

Македонија по втор пат учествува во ПИСА, откако и во 2000 година постигнувањата на учениците беа меѓу најслабите.

Четврти одзади беа и на ТИМСС-тестирањето во 2011 година, кога беа опфатени 42 земји.